Стар Завет

Нов Завет

Езекиел 10:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Погледнав и ете, на сводот над главите на херувите се појави нешто како каменот сафир, како нешто слично на престол.

2. И му прозбори на човекот облечен во ленено: „Влези меѓу колцата под херувите, земи полн грст жар меѓу херувите и истури ја над градот!” - И тој пред моите очи влезе меѓу херувите.

3. А херувите стоеја од десната страна на Домот кога човекот влезе меѓу нив. И облакот го исполни сиот внатрешен двор.

Прочитајте целосна глава Езекиел 10