Стар Завет

Нов Завет

Ездра 9:4-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. А Исус, Ваниј, Кадмил, Севаниј, Вуниј, Серевиј, Ваниј и Хананиј, откако се качија на повисокото место зад левитите, извикуваа со силен глас кон Господа, својот Бог.

5. И левитите Исус, Кадмил, Ваниј, Асавниј, Серевиј, Одиј, Севаниј и Петиј, велеа: „Станете, прославувајте Го Господа, нашиот Бог! Благословен да си, Господи, Боже наш, одвека довека! и нека е благословено Твоето славно Име, возвишено над секој благослов и пофалба.

6. Ти си Единствен, Господи! и го создаде небото, и небесата над небесата, и нивната војска, земјата и сè што е на неа, морињата и сè што е во нив. Ти го оживуваш сè тоа, и небесните војски Ти се клањаат Тебе.

7. Ти си, Господи, Бог, Кој го избра Аврама, го изведе него од Халдејскиот Ур, и му го даде името Авраам.

8. Неговото срце го најде пред Себе верно и склучи Завет со него дека ќе му ја дадеш Ханаанската Земја и Хетејската и Аморејската, и Ферезејската и Евусејската и Гергесејската, нему и на неговото потомство, и ги исполни Своите ветувања зашто си праведен.

9. Ги виде неволјите на нашите татковци во Египет, и го чу нивното извикување покрај Црвеното Море.

10. Со знаци и чудеса се нафрли врз фараонот, и врз неговите слуги, и врз сиот народ на неговата земја; зашто знаеше колкава беше нивната дрскост против нив. Си придоби име за себе, што трае до денес.

11. Го раздвои морето пред нив: поминаа по суво сред морето. Ги удави нивните гонители во длабочините како камен меѓу силни води.

Прочитајте целосна глава Ездра 9