Стар Завет

Нов Завет

Ездра 9:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Слезе на Синајската Гора и им зборуваше од небото; и им даде праведни наредби, цврсти закони, прекрасни заповеди и уредби.

14. Ти им ја објави својата света сабота, им ги пропиша заповедите, наредбите и Законот преку гласот на Својот слуга Мојсеј.

15. Ги хранеше со леб од небото за време на нивната глад, вода извади од стената за нивната жед. Ти им заповеда да тргнат да ја заземат земјата за која се заколна дека ќе им ја дадеш.

16. Но тие и нашите татковци се заинатија, ги закоравија вратовите, и не ги слушаа твоите заповеди.

Прочитајте целосна глава Ездра 9