Стар Завет

Нов Завет

Ездра 8:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Потоа намесникот Неемија, и свештеникот и книжевникот Езра и левитите кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Ова е ден посветен на Господа, вашиот Бог! Не тажете, не плачете!” Зашто сиот народ плачеше, слушајќи ги зборовите на Законот.

10. И Неемија уште им рече: „Отидете и јадете мрсни јадења, и пијте благо, и испратете им дел на оние, кои немаат ништо подготвено, зашто ова е ден посветен на нашиот Господ. Не нажалувајте се: Господовата радост е ваша сила,

11. И левитите го смируваа сиот народ, велејќи: „Смирете се: ова е свет ден. Не тажете!”

12. И сиот народ отиде да јаде и да пие, и да испраќа оброци, и да слави голема прослава: зашто ги сфатија зборовите, кои им беа објавени.

13. На вториот ден се собраа главатарите на семејствата на сиот народ, свештениците и левитите околу книжевникот Езра за да ги проучат зборовите на Законот.

14. И најдоа напишано во Законот, што Господ го нареди преку слугата Мојсеј: „Синовите Израелеви нека живеат под сеници за време на свеченостите во седмиот месец.”

15. Штом чуја, прогласија во сите свои градови и во Ерусалим: „Одете во горите и донесете маслинови гранки, и гранки од диви маслинки, миртови и палмини гранки, и гранки од другите дрва со лисја, за да направиме сеници, како што е пропишано.”

16. И народот отиде и донесе гранки, и направија сеници, секој врз својот покрив, и во своите дворови, и во дворот на Божјиот Дом, на ширината кај Водната Врата и на онаа кај Ефремовата Врата.

17. Сиот собир на оние, кои се вратија од ропство, направи сеници, и живееја во нив - Израелците не го правеа тоа од времето на Исус, Навиновиот син, сè до тој ден. И беше мошне голема радост.

18. Езра го читаше свитокот на Божјиот Закон секој ден, од првиот до последниот. Седум дни се празнуваше празникот, а осмиот ден беше свечен собир, како што е пропишано.

Прочитајте целосна глава Ездра 8