Стар Завет

Нов Завет

Ездра 8:8-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И читаа од свитокот на Божјиот Закон по одломки и ја разјаснуваа смислата за да може народот да разбере што се чита.

9. Потоа намесникот Неемија, и свештеникот и книжевникот Езра и левитите кои го поучуваа народот, му рекоа на сиот народ: „Ова е ден посветен на Господа, вашиот Бог! Не тажете, не плачете!” Зашто сиот народ плачеше, слушајќи ги зборовите на Законот.

10. И Неемија уште им рече: „Отидете и јадете мрсни јадења, и пијте благо, и испратете им дел на оние, кои немаат ништо подготвено, зашто ова е ден посветен на нашиот Господ. Не нажалувајте се: Господовата радост е ваша сила,

11. И левитите го смируваа сиот народ, велејќи: „Смирете се: ова е свет ден. Не тажете!”

Прочитајте целосна глава Ездра 8