Стар Завет

Нов Завет

Ездра 8:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. И најдоа напишано во Законот, што Господ го нареди преку слугата Мојсеј: „Синовите Израелеви нека живеат под сеници за време на свеченостите во седмиот месец.”

15. Штом чуја, прогласија во сите свои градови и во Ерусалим: „Одете во горите и донесете маслинови гранки, и гранки од диви маслинки, миртови и палмини гранки, и гранки од другите дрва со лисја, за да направиме сеници, како што е пропишано.”

16. И народот отиде и донесе гранки, и направија сеници, секој врз својот покрив, и во своите дворови, и во дворот на Божјиот Дом, на ширината кај Водната Врата и на онаа кај Ефремовата Врата.

17. Сиот собир на оние, кои се вратија од ропство, направи сеници, и живееја во нив - Израелците не го правеа тоа од времето на Исус, Навиновиот син, сè до тој ден. И беше мошне голема радост.

18. Езра го читаше свитокот на Божјиот Закон секој ден, од првиот до последниот. Седум дни се празнуваше празникот, а осмиот ден беше свечен собир, како што е пропишано.

Прочитајте целосна глава Ездра 8