Стар Завет

Нов Завет

Ездра 8:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. И Неемија уште им рече: „Отидете и јадете мрсни јадења, и пијте благо, и испратете им дел на оние, кои немаат ништо подготвено, зашто ова е ден посветен на нашиот Господ. Не нажалувајте се: Господовата радост е ваша сила,

11. И левитите го смируваа сиот народ, велејќи: „Смирете се: ова е свет ден. Не тажете!”

12. И сиот народ отиде да јаде и да пие, и да испраќа оброци, и да слави голема прослава: зашто ги сфатија зборовите, кои им беа објавени.

13. На вториот ден се собраа главатарите на семејствата на сиот народ, свештениците и левитите околу книжевникот Езра за да ги проучат зборовите на Законот.

14. И најдоа напишано во Законот, што Господ го нареди преку слугата Мојсеј: „Синовите Израелеви нека живеат под сеници за време на свеченостите во седмиот месец.”

15. Штом чуја, прогласија во сите свои градови и во Ерусалим: „Одете во горите и донесете маслинови гранки, и гранки од диви маслинки, миртови и палмини гранки, и гранки од другите дрва со лисја, за да направиме сеници, како што е пропишано.”

Прочитајте целосна глава Ездра 8