7. Дојдоа со Зоровавел, со Исус, со Неемија, со Азариј, со Рамиј, со Наманиј со Мардохеј, со Вилсан, со Мисперет, со Вигвај, со Беум и со Ван. Број на луѓето на Израелевиот народ:
8. Фаросови синови: две илјади сто и седумдесет и два;
9. Сефатиови синови: триста седумдесет и два;
10. Арахови синови: шест стотини педесет и два!
11. Фат-Моавови синови: односно Исусови и Јоавови синови: две илјади осум стотини и осумнаесет;
12. Еламови синови: илјада двеста педесет и четири;
13. Затуеви синови: осум стотини четириесет и пет;