Стар Завет

Нов Завет

Ездра 5:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Се крена голема викотница меѓу мажите и жените против нивните браќа Евреите.

2. Едни велеа: „Ги заложуваме своите синови и ќерки, за да можеме да набавиме пченица та да јадеме и да живееме.”

3. Други велеа: „Ги заложуваме своите полиња, своите лозја и своите куќи, за да можеме да набавиме пченица за време на гладот.”

4. Други пак велеа: „Треба да земеме пари за нашите полиња и лозја, за да можеме да ги исплатиме царските даноци.

5. Нашето тело е како телото на нашите браќа, нашите синови како и нивните, а ние треба да ги продаваме во ропство своите синови и ќерки; некои меѓу нашите ќерки веќе се робинки! А ние не можеме ништо, зашто нашите ниви и лозја ги држат други.”

6. Се налутив многу кога ја чув нивната викотница и тие зборови.

7. Откако размислив во себе, ги укорив благородниците и првенците со зборовите: „Вие им наметнувате товар на своите браќа!” И свикав голем собир против нив!

8. И реков: „Ние, колку што можевме, ги откупивме своите јудејски браќа, кои им беа продадени на многубошците. А сега вие ги продавате своите браќа, за да ги откупиме!” Сите молчеа и никој не одговори.

9. Продолжив: „Не е добро тоа што го правите. Не треба ли да одите во стравот на нашиот Бог, за да се отстраниме така од потсмевот на непријателските народи?

Прочитајте целосна глава Ездра 5