Стар Завет

Нов Завет

Ездра 4:12-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. А кога ќе дојдеа Јудејците, кои живеат покрај нив, по десетпати нè опоменуваа: „Идат против вас да ве нападнат од сите места во кои престојуваат!”

13. Се поставивме во низините, зад ѕидот и на голинките; го распоредив народот по родови, со мечеви, копја и лакови.

14. Кога видов како се плашат, станав и им го јавив на големците, на првенците и на другиот народ ова: „Не бојте се од овие луѓе! Мислете на Господа, голем и страшен, и борете се за своите браќа, за синовите и за своите ќерки, за своите жени и за своите куќи!”

15. Кога нашите непријатели научија дека сме известени и дека Бог ги осуети нивните замисли, можевме да се вратиме кон ѕидот, секој на својата работа.

16. Но од тој ден само половина од моите момчиња ја вршеа работата, а другите држеа копја, штитови, лакови и оклопи, а главатарите стоеја зад Јудиниот Дом,

17. кои го градеа ѕидот. И носачите на товарот држеа оружје: со едната рака секој ја вршеше својата работа, а оружјето му беше во другата.

18. Секој од градителите додека работеше, носеше меч припашан на половината. Трубачот стоеше покрај мене.

19. Им реков на благородниците, на првенците и на другиот народ: „Работата е голема и обемна, а ние сме распрснати по ѕидот, далеку едни од други:

Прочитајте целосна глава Ездра 4