Стар Завет

Нов Завет

Ездра 4:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Санавалат чу дека го градиме ѕидот, се налути. Беше многу гневен, ги исмејуваше Евреите,

2. и викаше пред своите браќа и пред самариската војска: „Што преземаат овие бедни Евреи? Имаат ли намера можеби да поправат, да жртвуваат и да свршат сè во еден ден? Зар од купот прав ќе го извикаат во живот изгореното камење?”

3. Амонецот Товиј, кој беше покрај него, рече: „Само нека градат! Но ако се искачи лисица, ќе им ги разурне камените ѕидови”

4. „Чуј, о Боже наш, како нè презираат! Сврти ги нивните хули на нивната глава. Предај ги како плен во земјата на ропството.

5. Не ги покривај нивните беззаконија, и нивниот грев нека не биде избришан пред Твоето лице, зашто им се потсмеваа на градителите.”

6. Така го градевме ѕидот, кој наскоро беше завршен до половина височина. Народот имаше воодушевување за работата.

7. Кога Санавалат, Товиј, Арабјаните, Амонците и Азотците чуја дека напредува поправањето на ерусалимските ѕидови - зашто почнаа да се затвораат распукнатините - многу се разгневија.

8. Сите заедно се заколнаа дека ќе го нападнат Ерусалим и дека ќе ни пречат.

9. Ние тогаш го повикавме нашиот Бог и поставувавме дневна и ноќна стража, за да го заштитиме градот.

10. Но Јудејците зборуваа: „Силите на носачите им се намалија, а урнатините се многу: не ќе стигнеме никогаш да го изградиме ѕидот!”

11. А нашите непријатели рекоа: „Ќе се вовлечеме меѓу нив, пред да дознаат и да нè забележат: тогаш ќе ги погубиме и така ќе го осуетиме потфатот!”

12. А кога ќе дојдеа Јудејците, кои живеат покрај нив, по десетпати нè опоменуваа: „Идат против вас да ве нападнат од сите места во кои престојуваат!”

Прочитајте целосна глава Ездра 4