Стар Завет

Нов Завет

Ездра 13:15-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Во она време видов во Јудеја луѓе, кои газеа во каци во саботен ден; други носеа снопови жито, товареа на ослици вино, грозје, смокви и секакви товари, за да ги внесат во саботен ден во Ерусалим. И ги укорив луѓето зашто продаваат храна во тој ден.

16. А Тирците, кои живееја во Ерусалим, донесуваа онаму риби и секакви стоки за да им ги продаваат на Евреите во сабота.

17. Ги укорив јудејските големци и им реков: „Какво зло дело правите и го осквернувате саботниот ден?

18. Не правеа ли така и вашите татковци, та Бог ја доведе сета оваа несреќа на нас и на нашиот град? А зар вие сакате да го умножите гневот против Израел обесветувајќи ја саботата?”

19. И уште заповедав спроти сабота, кога мракот ќе се спушти врз ерусалимските врати да ги затворат нивните крила, и реков да не ги отвораат додека не помине саботата! Поставив неколку свои момоци при вратата, за да не се внесува никаков товар во саботен ден.

20. Еднаш или двапати трговците и продавачите на разновидни стоки поминаа ноќ вон Ерусалим,

21. но ги предупредив и им реков: „Зошто ја поминувате ноќта под ѕидот? Ако го повторите тоа, ќе подигнам рака против вас!” Од тоа време веќе не доаѓаа во сабота.

22. Им заповедав на левитите да се очистат и да дојдат да ја чуваат вратата, за да би се празнувал саботниот ден. Спомни си за мене и за ова, Боже мој, и смилувај ми се според Својата голема милост!

Прочитајте целосна глава Ездра 13