Стар Завет

Нов Завет

Естир 9:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, месецот адар, кога требаше да биде извршена одредбата на царевиот указ во истиот ден кога непријателите на Евреите се надеваа да завладеат над нив, се случи спротивното: Евреите завладееја над своите непријатели.

2. Евреите се собраа по своите градови во сите покраини на царот Ахасвер за да удрат на оние, кои ја бараа нивната пропаст. И никој не се осмели да им пружи отпор зашто сите народи ги опфати страв од Јудејците.

3. Сите кнезови на покраините и намесниците, управителите и царевите чиновници ги штитеа Евреите, зашто ги беше опфатил страв од Мардохеја.

4. Зашто Мардохеј стана голем во царскиот дворец, и по сите покраини се ширеше гласот дека Мардохеј станува сè посилен.

5. И така, Евреите удрија со меч по сите свои непријатели, ги исекоа и ги сотреа; со своите мразители постапија како што им се сакаше.

6. Само во тврдината Шуша, Евреите погубија и сотреа пет стотини луѓе;

Прочитајте целосна глава Естир 9