Стар Завет

Нов Завет

Естир 8:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во истиот ден царот Ахасвер и ја предаде на Естира куќатана Амана, гонителот на Евреите, а Мардохеј стапи пред царевото лице, зашто Естира му објасни на царот што и е тој.

2. Царот го извади печатниот прстен, што веќе му го имаше одземено на Амана и му го даде на Мардохеја, а Естира го постави Мардохеја над Амановата куќа.

3. Тогаш Естира пак му прозборува на царот му се фрли пред нозете; се расплака и го замоли најтопло да го осуети злото на Агагеецот Аман и опакиот наум што го имаше засновано против Евреите.

4. Царот го испружи кон Естира златниот жезол. Естира се подигна, застана пред царот

5. и рече: „Ако му е волја на царот, ако најдов милост пред неговото лице, ако му е право на царот, та ако сум мила во неговите очи: нека отповика писмено сè што напиша Аман, синот Амедатин, Агагеец, со опака намера да се погубат Евреите кои се наоѓаат во сите покраини на царството.

6. Та како би можела јас да ја гледам несреќата, што би го погодила мојот народ? Како би можела да ја гледам гибелта на својот род?”

7. Царот и одговори на царицата Естира и на Евреинот Мардохеј: „Ете и ја подарив на Естира Амановата куќа, а него го предадов да биде обесен, зашто ја беше подигнал својата рака против Евреите,

8. а вие во царево име напишете за Евреите што ќе ви е угодно и запечатете го со царевиот прстен. Зашто е неотповиклив прогласот што е напишан во царево име, та запечатен со царевиот печат.”

Прочитајте целосна глава Естир 8