Стар Завет

Нов Завет

Естир 7:6-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Аман се исплаши пред царот и царицата.

7. Царот, гневен, го остави виното та отиде во градината на дворецот. Аман остана покрај царицата за да ја моли за својот живот, зашто увиде дека е готова неговата несреќа пред царот.

8. Царот се врати од градината во дворницата каде се пиеше виното. Дотогаш Аман беше паднал на постелката врз која се наоѓаше Естира. „Се обидуваш уште и со насилство над царицата и тоа во мојот сопствен дом?” извика царот. Туку што тие зборови излегоа од царевата уста, му го покрија лицето на Амана.

9. Тогаш кажа Арвон, еден од дворјанците кои стоеја во царева служба: „Ене ја и бесилката што ја подготви за Мардохеја, кој зборуваше во царева полза. Се наоѓа покрај Амановата куќа и е висока педесет лакти. „ Царот заповеда: „Обесете го на неа!”

10. Амана го обесија на бесилката што ја беше подготвил за Мардохеја, и царевата јарост стивна.

Прочитајте целосна глава Естир 7