Стар Завет

Нов Завет

Естир 7:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Царот и Аман дојдоа на гозбата на царицата Естира.

2. И вотој втор ден, додека се пиеше вино, царот и рече на Естира: „Која ти е молбата, царице Естиро? Ќе ти биде задоволена! Која е твојата желба? Ако е и половината од царството, ќе ти биде! ”

3. Царицата Естира одговори: „Ако цару, најдов милост во твоите очи, и ако ти е по волјата, нека ми биде подарен во името на молбата животот, а во името на желбата мојот народ!

4. Зошто јас и мојот народ сме предадени за погубување, за колење и за уништување. Да бевме предадени во ропство, ќе молчев, зашто неволјата не ќе беше штетна за царот.”

5. Но царот Ахасвер ја прекина царицата Естира во зборот па ја праша: „Кој е тој? Каде е тој што намислил да направи нешто такво?” Тогаш Естира одговори: „Прогонувачот и непријателот е Аман, овој злосторник!”

Прочитајте целосна глава Естир 7