Стар Завет

Нов Завет

Естир 6:7-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Затоа му одговори на царот: „За човекот кого царот сака да го почести

8. треба да бидат донесени царските облеки, што самиот цар ги облекува, и да биде доведен коњот кого царот го јава, и да му биде ставен царски венец на главата.

9. Облеките и коњот царот нека му ги предаде на еден од најугледните цареви кнезови, за тој да го облече оној кого царот сака да го почести и нека го одведе на коњ до градското трговиште, извикувајќи пред него: „Така му бидува на оној кого царот сака да го почести!”

10. Тогаш царот му нареди на Амана: „Земи ги веднаш облеките и коњот како што рече, па направи така со Евреинот Мардохеј, кој седи при царевата врата, и не пропуштај ништо од она што си рекол!”

11. Аман ги зеде облеките и коњот: го облече Мардохеја во облеките и го помина на коњот по улиците на градот, викајќи пред него: „Така му бидува на оној кого царот сака да го почести!”

12. Малку потоа Мардохеј се врати кај царевата врата, а Аман тажен и со покриена глава, отиде бргу дома

13. та и раскажа на Сереса, својата жена, и на сите свои пријатели, што се случи. Неговите советници и жената Сереса му рекоа: „Ако Мардохеј пред кого почна да се сопнуваш, му припаѓа на Еврејскиот род не ќе го надвиеш, туку тој без друго ќе те обори.”

Прочитајте целосна глава Естир 6