Стар Завет

Нов Завет

Естир 4:12-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. На Мардохеја, му беа соопштени Естерините зборови,

13. па тој и порача на Естира: „Не мисли дека ќе се спасиш, затоа што се наоѓаш во царскиот дворец, единствено само ти од сите Евреи:

14. зошто ако молчиш во оваа прилика, на Евреите ќе им стигне помош и спасение од друга страна, а ти ќе пропаднеш со куќата и својот татко. Кој знае дали токму и не си се искачила до царската чест заради часот каков што е овој?”

15. Естира пак му порача на Мардохеја:

16. „Ајде собери ги сите Евреи, кои со наоѓаат во Шуша. Постете за мене: не јадете ниту пијте три дни и три ноќи. И јас ќе постам така со своите девојки. Така подготвена ќе влезам кај царот, иако е спротивно на законот, па ако треба да загинам ќе загинам.”

Прочитајте целосна глава Естир 4