Стар Завет

Нов Завет

Естир 4:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Мардохеј научи за сè што се случи: ја раскина облеката врзсебе, облече вреќишта, се посипа со пепел и помина сред градот тажејќи гласно и горко.

2. Дојде само до царевата врата, зашто со она вреќиште врз себе не можеше да помине низ неа.

3. Во секоја покраина, секаде каде ќе се научеше за царевиот збор и за неговиот проглас, жалоста завладуваше меѓу Евреите: постеа плачеа и ридаа. На мнозина од нив вреќиштето и пепелта им стана легло.

4. Естирините девојки и нејзините скопеници дојдоа да ја известат за тоа. Царицата се вознемири многу. Му испрати облека на Мардохеј за да ја облече, а да го соблече вреќиштето од себе, ама тој одби.

5. Тогаш Естира го повика Атаха, еден од царевите скопеници, кој и беше одреден на служба, па го испрати кај Мардохеј за да научи од него што се случило и зошто е таков.

6. Атах отиде до Мардохеја на градскиот плоштад, пред царевата врата.

7. Мардохеј му раскажа што му се случило и подробно го извести за сребрениците што Аман ветил да ги вложи во царевата благајна, за да би можел да ги уништи Евреите.

8. Му го даде и преписот од наредбата за нивното погубување, која беше објавена во Шуша, за да и ја покаже на Естира, та да и јави да и наложи да отиде кај царот: нека го моли за милост и нека посредува кај него за својот народ.

9. Атах се врати и ја донесе на Естира Мардохеевата порака.

10. Естира му одговори на Атах и му нареди да му соопшти на Мардохеј:

11. „Сите цареви службеници и народот на царевите покраини знаат дека секој оној било да е тој маж или жена, кој ќе влезе неповикан кај царот во внатрешното предворје, го чека само еден закон: смртна казна, освен ако царот не го испружи кон таквиот својот златен жезол и му го поштеди животот. А јас веќе триесет дена не сум била повикана кај царот.”

12. На Мардохеја, му беа соопштени Естерините зборови,

Прочитајте целосна глава Естир 4