Стар Завет

Нов Завет

Естир 3:13-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. По брзоодците им беа испратени на сите цареви покраини посланија за да бидат сите Евреи, од децата до старците, децата и жените, уништени, погубени, истребени, а нивните имоти да бидат запленети во еден единствен ден, и тоа во тринаесеттиот ден на дванаесеттиот месец, на месецот адар.

14. Содржината на оваа наредба, што имаше да стане закон во секоја покраина, им беше објавена на сите народи, за да бидат подготвени за тој ден.

15. Гласниците тргнаа брзо со царевата заповед. Указот беше објавен и во тврдината на Шуша, па додека царот и Аман седеа и се честеа, градот Шуша беше вознемирен.

Прочитајте целосна глава Естир 3