Стар Завет

Нов Завет

Естир 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По тие настани, царот Ахасвер го унапреди Амана, синот Амедатин, Агагеец: го возвиши, и неговиот престол го постави над сите други достоинственици, кои беа со него.

2. Сите цареви службеници, кои се наоѓаа при царевата врата, се поклонуваа и коленичеа пред Амана, зашто царот нареди така. Но Мардохеј не се поклонуваше ниту коленичеше.

3. Царевите службеници кои се наоѓаа при царската врата, му рекоа на Мардохеј: „Зошто ја престапуваш царевата заповед?”

4. Иако тие му го повторуваа тоа секој ден, тој не ги послуша. Тогаш тие му го јавија тоа на Амана за да видат дали вреди Мардохеевото оправдување. Зашто им рече дека е Евреин.

Прочитајте целосна глава Естир 3