Стар Завет

Нов Завет

Естир 2:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. По тие настани, кога му стивна гневот, царот Ахасвер си спомназа Астина, за она што таа го направи и за што беше одлучено против неа.

2. Тогаш момоците, кои му служеа на царот рекоа: „Нека бидат побарани за царот млади девојки, девици со убав изглед.

3. Царот нека одреди, во сите покраини на своето царство, повереници, за да му ги соберат сите девици со личен изглед во тврдината на градот Шуша, во женската куќа, под управа на Игај, царевиот скопеник, чувар на жените. Тој ќе се погрижи за нивната нега.

4. Онаа девојка што најмногу ќе им се допадне на царевите очи, нека царува место Астина.” Тоа му беше по волја на царот, и тој направи така.

5. Во тврдината на градот Шуша беше некој си Евреин, кој се викаше Мардохеј, син на Јаир, синот Симеев, син Кисов, од Венијаминовото племе.

6. Тој беше протеран од Ерусалим меѓу заточениците, кои ги одведе вавилонскиот цар Навуходоносор, заедно со јудејскиот цар Јехониј.

7. Тој ја одгледуваше Адаса односно Естира, ќерката на својот чичко, зашто таа немаше ни татко ни мајка. Девојката беше прилична и со убав изглед. По смртта на нејзиниот татко и на нејзината мајка, Мардохеј ја зеде кај себе како ќерка.

8. Кога се расчу за царскиот збор и за неговата наредба, многу девојки се собраа во тврдината на градот Шуша под Игаев надзор. Така ја доведоа и Естира во царевиот дворец, под надзор на Игај, чуварот на жените.

9. Девојката им се свиде на неговите очи, таа ја придоби неговата наклонетост, и тој се погрижи за нејзиното разубавување и за издржување. Покрај тоа и даде седум највредни робинки на царскиот дворец и ја премести заедно со девојките, во најудобните простории на женската куќа.

10. Естира не ги спомна ниту народот ниту потеклото свое, зашто Мардохеј и беше забранил да го направи тоа.

Прочитајте целосна глава Естир 2