Стар Завет

Нов Завет

Естир 1:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Се пиеше по некое правило но не присилно, зашто царот им нареди на сите надгледувачи на својот дворец да постапуваат со секого според неговата желба.

9. И царицата Астина даде гозба за жените во царскиот дворец на царот Ахасвер.

10. На седмиот ден, кога царевото срце беше весело од вино, им нареди на Меуман, Висат, Арвон, Викта, Авакта, Зетар и Харкас, на седуммината скопенци, кои му служеа на царот Ахасвер

11. за да ја доведат пред него царицата Астина со царскиот венец, за да им ја покаже на народот и на кнезовите нејзината убавина. Таа навистина беше привлечна.

12. Но царицата Астина не сакаше да му се одѕвие на царскиот повик, што и го пренесоа дворјаните. Тогаш царот се разбесна многу и неговиот гнев се распламта.

Прочитајте целосна глава Естир 1