Стар Завет

Нов Завет

Естир 1:14-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Најблиски му беа Карсен, Сетар, Адмат, Тарсис, Мерес, Мерсен и Мемукан, седум кнезови на Персија и Мидија. Тие смееја да го гледаат царевото лице и заземаа најистакнати места во царството.

15. Ги праша: „Што треба да биде преземено според законот против царицата Астина, која не и се покори на царевата заповед, што и ја соопштија дворјанците?”

16. Тогаш Мемукан одговори пред царот и пред кнезовите: „Царицата Астина не згреши само пред царот туку и пред сите главатари и пред сиот народ, кој престојува во сите покраини на царот Ахасвер.

17. Зашто за царичиното држење ќе научат сите жени па ќе ги презираат своите мажи, велејки: „Царот Ахасвер нареди да ја доведат пред него царицата Астина но таа не сакаше да дојде.

18. И жените на персиските и мидијските кнезови, откако ќе научат за царичиното однесување, уште денес ќе им раскажат на царевите главатари, па ќе има противење и презирање во изобилство.

19. Затоа, ако му е угодно на царот, нека биде објавена царската заповед и нека биде вметната меѓу законите на Персија и Мидија, така што не ќе може да биде отповикана, царицата Астина да не смее веќе да се појави пред царот Ахасвер, а царот нека и ја предаде царската чест на друга жена, подобра од неа.

Прочитајте целосна глава Естир 1