Стар Завет

Нов Завет

Естир 1:12-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Но царицата Астина не сакаше да му се одѕвие на царскиот повик, што и го пренесоа дворјаните. Тогаш царот се разбесна многу и неговиот гнев се распламта.

13. И ги запраша мудреците кои ги познаваат времињата. Зашто секоја царска работа се проучуваше така меѓу оние кои ги познаваа законите и правото.

14. Најблиски му беа Карсен, Сетар, Адмат, Тарсис, Мерес, Мерсен и Мемукан, седум кнезови на Персија и Мидија. Тие смееја да го гледаат царевото лице и заземаа најистакнати места во царството.

15. Ги праша: „Што треба да биде преземено според законот против царицата Астина, која не и се покори на царевата заповед, што и ја соопштија дворјанците?”

16. Тогаш Мемукан одговори пред царот и пред кнезовите: „Царицата Астина не згреши само пред царот туку и пред сите главатари и пред сиот народ, кој престојува во сите покраини на царот Ахасвер.

17. Зашто за царичиното држење ќе научат сите жени па ќе ги презираат своите мажи, велејки: „Царот Ахасвер нареди да ја доведат пред него царицата Астина но таа не сакаше да дојде.

18. И жените на персиските и мидијските кнезови, откако ќе научат за царичиното однесување, уште денес ќе им раскажат на царевите главатари, па ќе има противење и презирање во изобилство.

19. Затоа, ако му е угодно на царот, нека биде објавена царската заповед и нека биде вметната меѓу законите на Персија и Мидија, така што не ќе може да биде отповикана, царицата Астина да не смее веќе да се појави пред царот Ахасвер, а царот нека и ја предаде царската чест на друга жена, подобра од неа.

20. Кога таа наредба, што царот ќе ја даде, ќе се расчуе по целото царство, што е навистина големо, сите жени ќе им искажуваат почитување на своите мажи, од најголемиот до најмалиот.”

21. Зборот им се свиде и на царот и на неговите кнезови. Затоа тој направи како што му советуваше Мемукан.

Прочитајте целосна глава Естир 1