Стар Завет

Нов Завет

Еремија 6:9-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Господ над Воинствата зборува вака: „Доприбирај, доприбирај како лоза Израелев Остаток! Како берачите испружи ја раката меѓу прачките!

10. Кому треба да му зборувам, кого да го опоменам да ме послушаат? Ете, увото им е необрезано затоа не можат да чујат. Ете, Господовиот збор им стана потсмев, не им е мил.

11. Преполн сум со Господовиот гнев, не можам да издржам веќе! - И така, излеј го на децата по улиците и на собирите на младите. Сите ќе ги опфати, мажот и жената, старецот и човекот на зрело доба.

12. Нивните куќи ќе им припаднат на други, а така и полињата и нивните жени. Да, ќе ја протегнам Својата рака - говори Господ, на жителите на оваа земја,

13. зашто од најмалиот до најголемиот сите лакомат за плен, од пророкот до свештеникот сите се измамници.

14. И лесно ја лечат раната на Мојот народ, викајќи: ‘Мир! Мир!’ Но нема мир.

15. Нека се засрамат што направија гнасост, но тие веќе не знаат што е срам, не умеат веќе да црвенеат. И затоа ќе испаѓаат со оние што паѓаат, ќе се срушат кога ќе почнам да казнувам - зборува Господ.

16. Господ зборува вака: „Застанете на патишта, распрашајте се за некогашните патеки: Кој пат води кон доброто? Тргнете по него и ќе најдете спокојство за своите души! Но тие рекоа: ‘Не одиме!’

17. И им поставија стражари: ‘Внимавајте на гласот на рогот!’ Но тие рекоа: ‘Не ќе внимаваме!’

18. Затоа чујте, народи, и вие пастири на нивните стада!

19. Чуј, земјо! Ете, доведувам зло на овој народ, плод на нивната побуна, зашто тие не ги слушаа Моите зборови, го отфрлија Мојот Закон.

20. Зошто Ми е темјанот што доаѓа од Сава, и мирислива трска од далечна земја? Вашите паленици не Ми се мили, не Ми се по волја вашите жртви.”

Прочитајте целосна глава Еремија 6