Стар Завет

Нов Завет

Еремија 6:19-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Чуј, земјо! Ете, доведувам зло на овој народ, плод на нивната побуна, зашто тие не ги слушаа Моите зборови, го отфрлија Мојот Закон.

20. Зошто Ми е темјанот што доаѓа од Сава, и мирислива трска од далечна земја? Вашите паленици не Ми се мили, не Ми се по волја вашите жртви.”

21. Затоа Господ зборува вака: „Еве, Му поставувам на овој народ пречки на кои ќе се сопнат, татковците и децата заедно, соседот ќе загине заедно со пријателот.”

22. Господ зборува вака: „Еве доаѓа народ од северна земја, голем народ се крева од краиштата на земјата:

23. во рацете им се лак и копје, жестоки се, немилосрдни; вревата им бучи како море, јаваат на коњи, како еден подготвени за бој против тебе, Сионска Ќерко.”

24. Кога ја чувме веста, рацете ни се истоштија, страв нè опфати, болка како родилка.

25. Не излегувајте во полињата, не одете по патиштата, зашто непријателските мечеви се закануваат, ужас сè наоколу.

26. Ќерко на Мојот народ, препаши се со вреќиште, посипи се со пепел, тагувај како за единец со тажачка горчина. Зашто ќе дојде одненадеж врз нас запустувачот.

27. „Те поставив за испитувач на Мојотнарод, за да ги сознаеш и испиташ неговите патишта.

28. Сите тие се најлоши одметници, наоколу клеветат, тврди како бронза и железо, сите се расипани.

29. Дувалото изгоре за да го голтне огнот оловото, напразно леачот се труди да го растопи: згурата не се дава да биде излачена.

30. ‘Отфрлено сребро,’ така ги викаат, зашто Господ ги отфрли!

Прочитајте целосна глава Еремија 6