Стар Завет

Нов Завет

Еремија 50:18-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Затоа Господ над Воинствата, Израелевиот Бог, зборува вака: „Еве, ќе ги казнам вавилонскиот цар и неговата земја, како што го казнив асирискиот цар.

19. И ќе го вратам Израел на неговото пасиште да пасе по Кармил, по Васан, по Ефремовите Ридови и по Галад, за да се насити.

20. Во оние денови, во она време - говори Господ - ќе го бараат Израелевиот грев, ама веќе не ќе го има; ќе ги бараат јудејските злодела, но не ќе ги најдат. Зашто им простив на сите што ги запазив.”

21. „Против Мератаимската Земја! Тргни против неа и против жителите на Фекод, сотри ги до основи, уништи сè зад нив - говори Господ, изврши сè како што ти заповедав!

22. Воена викотница се слуша во земјата, страшен пораз.

23. О, како е скршен, здробен, млатот на целата земја! Како Вавилон им стана страшило на народите!

24. Ти ставив стапица, Вавилону, ти се фати и не виде. Затекнат си и фатен, зашто завојува против Господа!

25. Господ ја отвори својата оружница, го извлече оружјето на Својот гнев, зашто има работа за Господа над Војските во Халдејската Земја.

26. Удрете врз неа од сите страни, отворете ги нејзините житници, слагајте ја како снопје, затрете го Вавилон со уништување, за да не остане ништо од него.

Прочитајте целосна глава Еремија 50