Стар Завет

Нов Завет

Еремија 5:8-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Тие се како згоени, нахранети коњи: ‘ржат по жената на својот ближен.

9. Па тоа да не го казнам - говори Господ - на таков народ да не му се одмаздам?”

10. „Искачете се на ѕидовите! Разурнувајте! уништете, но не сосема! Откорнете ги сите копачки, зашто не се Господови.

11. Да, постапија многу вероломно со Мене: Израелевиот дом и Јудиниот дом - говори Господ.

12. Го одрекоа Господа, рекоа: „Го нема! Злото нема да нè најде, не ќе испитаме ни глад ни меч!

13. А пророците се како ветерот, нема говорници меѓу нив! Еве што ќе им се случи:

14. Затоа вака зборува Господ, Бог над Воинствата: „Затоа што зборуваа така, Моите зборови во твојата уста, во оган ќе ги претворам а овој народ во дрво, за да го голтне огнот.

15. Еве, ќе доведам против вас народ оддалеку, Израелев дому - говори Господ. Народ непобедлив, народ древен, народ чиј јазик не ќе го знаеш, ниту ќе разбереш што зборува.

16. Торбата за стрели им е отворен гроб. Сите се тие одбор јунаци.

17. Тој ќе ги изеде: твојата жетва, твојот леб, твоите синови и ќерки, твоите овци и говеда, грозјето и смоквите твои, ќе ти ги разори тврдите градови во кои се надеваш сега.

18. Но ни тогаш - говори Господ - не ќе те уништам сосем.

19. А кога ќе прашуваат: ‘Зошто Господ, нашиот Бог, ни го стори ова?’ ти ќе им одговориш: ‘Зашто Ме оставивте Мене, за да им служите на туѓи богови во својата земја, ќе му служите на туѓинец, во земјата што не е ваша!’

20. Објавете му го ова на Јакововиот дом и прогласете го по Јудеја:

21. ‘И така, чујте го ова, луд и неразумен народу: очи имаат, а не гледаат, уши имаат, а не слушаат!

Прочитајте целосна глава Еремија 5