Стар Завет

Нов Завет

Еремија 5:3-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Господи, нели се Твоите очи насочени кон вистината? Ги биеш, ама нив не ги боли; ги истребуваш, но тие ја одбиваат Твојата поука. Челото им е поцврсто од стрмна карпа, одбиваат да се обратат.

4. Реков: „Само бедните постапуваат така лудо, зашто не го знаат Господовиот пат, ни својот вистински Бог.

5. И така, ќе отидам кај големците и ќе им зборувам ним, зашто тие го познаваат Господовиот пат и својот вистински Бог.” Но тие сложно го скршија јаремот, и ги искинаа сите врски.

6. И затоа ги напаѓа горскиот лав, пустинскиот волк ги раскинува, леопардите ги дебнат нивните градови, секој кој ќе излезе од нив, ќе биде раскинат. Зашто нивните гревови се многубројни, многуструки се нивните отпаѓања.

7. „Зошто да ти простам? Твоите синови Ме напуштија, се заколнуваат во лажни богови. Јас ги наситив, тие направија прељуба, се нафрлија во куќата на блудницата.

8. Тие се како згоени, нахранети коњи: ‘ржат по жената на својот ближен.

9. Па тоа да не го казнам - говори Господ - на таков народ да не му се одмаздам?”

10. „Искачете се на ѕидовите! Разурнувајте! уништете, но не сосема! Откорнете ги сите копачки, зашто не се Господови.

11. Да, постапија многу вероломно со Мене: Израелевиот дом и Јудиниот дом - говори Господ.

12. Го одрекоа Господа, рекоа: „Го нема! Злото нема да нè најде, не ќе испитаме ни глад ни меч!

13. А пророците се како ветерот, нема говорници меѓу нив! Еве што ќе им се случи:

14. Затоа вака зборува Господ, Бог над Воинствата: „Затоа што зборуваа така, Моите зборови во твојата уста, во оган ќе ги претворам а овој народ во дрво, за да го голтне огнот.

15. Еве, ќе доведам против вас народ оддалеку, Израелев дому - говори Господ. Народ непобедлив, народ древен, народ чиј јазик не ќе го знаеш, ниту ќе разбереш што зборува.

16. Торбата за стрели им е отворен гроб. Сите се тие одбор јунаци.

17. Тој ќе ги изеде: твојата жетва, твојот леб, твоите синови и ќерки, твоите овци и говеда, грозјето и смоквите твои, ќе ти ги разори тврдите градови во кои се надеваш сега.

18. Но ни тогаш - говори Господ - не ќе те уништам сосем.

Прочитајте целосна глава Еремија 5