Стар Завет

Нов Завет

Еремија 5:22-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Зар не ќе се боите од Мене - говори Господ - зар не ќе треперите пред Мене? Кој му ја ставив песокта на морето за граница, за вечна меѓа што никогаш нема да ја помине: тоа се накрева, но е немоќно, брановите му бучат, но нема да поминат.

23. Но, во овој народ срцето е бунтовно, непокорно; тие се оддалечија - тоа е нивната сила!

24. Не рекоа во своето срце: „Да се боиме од Господа, нашиот Бог, Кој што ни праќа во прав час ран дожд и доцен дожд, и Кој ни ги чува седмиците одредени за жетва.”

Прочитајте целосна глава Еремија 5