Стар Завет

Нов Завет

Еремија 5:21-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. ‘И така, чујте го ова, луд и неразумен народу: очи имаат, а не гледаат, уши имаат, а не слушаат!

22. Зар не ќе се боите од Мене - говори Господ - зар не ќе треперите пред Мене? Кој му ја ставив песокта на морето за граница, за вечна меѓа што никогаш нема да ја помине: тоа се накрева, но е немоќно, брановите му бучат, но нема да поминат.

23. Но, во овој народ срцето е бунтовно, непокорно; тие се оддалечија - тоа е нивната сила!

24. Не рекоа во своето срце: „Да се боиме од Господа, нашиот Бог, Кој што ни праќа во прав час ран дожд и доцен дожд, и Кој ни ги чува седмиците одредени за жетва.”

25. Вашите беззаконија го нарушија ова, вашите гревови ви ја уништија благосостојбата.

26. Да, во Мојот народ има нечестивци: дебнат од заседа како птичари, поставуваат стапици, ги фаќаат луѓето.

27. Како што е клетката полна со птици, така нивните куќи се полни со грабежи; така станаа големи и богати,

28. дебели и згоени. Ја пречекорија секоја мерка на злото, не ги бранат судските дела; делата на сирачињата, и пак им е добро, и не му пресудуваат на справедливото дело на бедните.

29. Па тоа да не го казнам! - говори Господ, на таков ли народ да не му се одмаздам?’

30. „Стравотии и грозотии се збиднуваат во оваа земја:

31. пророците пророкуваат лага, а свештениците поучуваат на своја рака. А тоа му замиле на Мојот народ! Но што ќе прави на крај?

Прочитајте целосна глава Еремија 5