Стар Завет

Нов Завет

Еремија 5:11-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Да, постапија многу вероломно со Мене: Израелевиот дом и Јудиниот дом - говори Господ.

12. Го одрекоа Господа, рекоа: „Го нема! Злото нема да нè најде, не ќе испитаме ни глад ни меч!

13. А пророците се како ветерот, нема говорници меѓу нив! Еве што ќе им се случи:

14. Затоа вака зборува Господ, Бог над Воинствата: „Затоа што зборуваа така, Моите зборови во твојата уста, во оган ќе ги претворам а овој народ во дрво, за да го голтне огнот.

15. Еве, ќе доведам против вас народ оддалеку, Израелев дому - говори Господ. Народ непобедлив, народ древен, народ чиј јазик не ќе го знаеш, ниту ќе разбереш што зборува.

16. Торбата за стрели им е отворен гроб. Сите се тие одбор јунаци.

17. Тој ќе ги изеде: твојата жетва, твојот леб, твоите синови и ќерки, твоите овци и говеда, грозјето и смоквите твои, ќе ти ги разори тврдите градови во кои се надеваш сега.

18. Но ни тогаш - говори Господ - не ќе те уништам сосем.

19. А кога ќе прашуваат: ‘Зошто Господ, нашиот Бог, ни го стори ова?’ ти ќе им одговориш: ‘Зашто Ме оставивте Мене, за да им служите на туѓи богови во својата земја, ќе му служите на туѓинец, во земјата што не е ваша!’

Прочитајте целосна глава Еремија 5