Стар Завет

Нов Завет

Еремија 5:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. „Поминете по ерусалимските улици, погледајте добро и распрашајте се, барајте по неговите раскрсници, па ако најдете и еден човек кој прави правда и ја бара вистината, ќе му простам на овој град - говори Господ.

2. Па кога и зборуваат: ‘Живиот ми Господ!’ навистина се колнат лажно.”

3. Господи, нели се Твоите очи насочени кон вистината? Ги биеш, ама нив не ги боли; ги истребуваш, но тие ја одбиваат Твојата поука. Челото им е поцврсто од стрмна карпа, одбиваат да се обратат.

4. Реков: „Само бедните постапуваат така лудо, зашто не го знаат Господовиот пат, ни својот вистински Бог.

Прочитајте целосна глава Еремија 5