Стар Завет

Нов Завет

Еремија 49:20-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. Затоа чујте што науми Господ да му направи на Едом, чујте што намислил против жителите на Теман: и најситните јагниња тој ќе ги одвлече, и самото нивно пасиште ќе се загрози над нив.

21. Од шумот на нивното паѓање земјата ќе се потресе, викотницата ќе се слуша до Црвеното Море!

22. Ете, како орел тој се дига и трепери, шири крилја над Восора. Во оној ден срцето на едомските јунаци ќе биде како срцето на жената во родилни болки.

23. За Дамаск: „Збунети се Емат и Арфад, зашто чуја лоша вест. Срцето им се стега од ужас и не може да се смири.

24. Дамаск е обесхрабрен, се даде во бегство, страв го опфати, го обзедоа тешкотии и болки како родилката.

25. Како? Славниот град е напуштен, градот на Мојата радост!

26. Затоа неговите младинци ќе испаѓаат по улиците, сите воини ќе загинат во оној ден - говори Господ над Воинствата.

27. Ќе ги запалам со оган ѕидовите на Дамаск: пламенот ќе ги голтне дворците Вен-Ададови.”

Прочитајте целосна глава Еремија 49