Стар Завет

Нов Завет

Еремија 48:4-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. „Моав е здробен! се слуша врескањето на неговите мали.

5. Да, нагоре по ридот Луит се искачуваат плачејќи. Да, низ надолниците на Оронаим, се разнесува писокот над пропаста.

6. Бегајте, спасувајте го животот, угледајте се на пустинските ослиња!”

7. Зашто се надеваше во твоите тврдини, ќе бидеш и ти освоен. Хамос заминува на заточение, со своите свештеници и кнезови.

8. Запустувачот ќе дојде во секој град, ниеден нема да му избега: Долината ќе биде ограбена, Висорамништето запустено, зборува Господ.

9. Ставете му на Моав надгробен камен, зашто е урнат до основи; неговите градови се пустини, во нив никој не живее.

10. Проклет да е кој негрижливо ги извршува Господовите работи! Проклет да е кој својот меч не ќе го омрси со крв!

11. Од својата младост Моав уживаше мир, лежеше врз својата дрождина, никогаш не го преточуваа од бочва во бочва, никогаш не отиде на заточение: затоа вкусот му остана свеж, мирисот непроменет.

12. Но еве, доаѓаат денови - зборува Господ - и Јас ќе му испратам угнетувачи кои што ќе го преточуваат, ќе ги испразнат неговите бочви и ќе ги искршат неговите садови.

13. И тогаш Моав ќе се засрами заради Хамос, како што Израелевиот дом се засрами заради Ветил во кого се надеваше.

14. Како можете да речете: ‘Ние сме јунаци, храбри воини.’

15. Запустувачот на Моав се нафрли врз него; цветот на неговата младост слегува во кланиците, зборува Царот, Господ над Восјките Нему Му е Име.

16. Наближува Моавовата пропаст, брза неговата гибел.

17. Жалете го, сите негови соседи, и сите кои што го знаете неговото име. Речете: ‘Како ли се скрши цврстата палка, величественото жезло!’

18. Слези од својата слава, седи во кал, жителке, девонска ќерко! Зашто запустувачот на Моав се нафрли врз тебе, ги разурна сите твои тврдини.

19. Застани на патот и набљудувај, о жителу на Ароир! Прашај ги бегалците и преживеаните, прашај ги: ‘Што се случи тоа?’

20. Моав се срами, зашто е скршен. Плачете, липајте! Известете во Арнон дека Моав е запустен.

21. Судот стигна над Висорамнината и над Олон, Јаса и Мифат,

22. над Девон, Нево, Вет Девлатаим,

23. Киријатаим, Вет Гамул, Вет Моен,

Прочитајте целосна глава Еремија 48