Стар Завет

Нов Завет

Еремија 48:38-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

38. На сите покриви на Моав и на неговите раскрсници само викања за помош, зашто го скршив Моав како врчва што никому не му е потребна - говори Господ.

39. Како ли ја скршив? Колку срамно Моав се даде во бегство! Моав стана потсмев и страшило за сите соседи.”

40. Зашто вака зборува Господ: „Ете, како орел трепери, над Моав шири крилја.

41. Градовите се заземени, тврдините освоени. Во тие денови срцето на моавските јунаци ќе биде како срцето на жена во породилни болки.

42. Моав е избришан од народите, зашто се возвиши над Господа.

43. Страв, јама и примка за тебе, жители на Моав! - говори Господ.

44. Кој ќе му избега на стравот ќе падне во јамата; кој ќе се извлече од јамата, ќе падне во примка. Да, тоа ќе го навалам врз Моав во деновите на неговата казна - зборува Господ.

45. Во есевонската сенка застануваат исцрпените бегалци. Но оган излегува од Есевон, пламен лиже од сионскиот дворец и му ги голта слепоочниците на Моав и темето на бунтовничките синови.

46. Тешко ти тебе, Моаву! Замислен си, Хамосов народу! Зашто твоите синови ги одведоа во заточение, твоите ќерки во пленство.

47. Но ќе му ја изменам кобта на Моав во иднина” - зборува Господ. Дотука - судењето на Моав.

Прочитајте целосна глава Еремија 48