Стар Завет

Нов Завет

Еремија 48:32-39 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Повеќе отколку над Јазир, ќе плачам за тебе, о сивамска лозо, чии подници се протегаа преку море, стигаа сè до Јазир. Врз твоите берби и жетви сега падна запустувачот.

33. Исчезнаа радоста и веселбата, од овоштарниците и од Моавската Земја. Снема вино во бочвите, газачите веќе не го газат грозјето, веселите звуци веќе не се весели.

34. Викањето на Есевон и Елеал се слуша сè до Јаса. Викаат од Сигор до Оронаим и до Еглат Шелишиј, зашто и нимримските води се претворија во пустина.

35. Во Моав ќе направам - говори Господ - да не се искачуваат на високите места и да не им се кади на неговите богови.

36. Затоа срцето ми трепери како кавал за Моав, Моето срце трепери како свирка за луѓето на Кир Ерес: зашто пропадна печалбата што ја спечалија!

37. Сите глави се избричени и брадите потстригани; на сите раце засеци, вреќиште околу слабините.

38. На сите покриви на Моав и на неговите раскрсници само викања за помош, зашто го скршив Моав како врчва што никому не му е потребна - говори Господ.

39. Како ли ја скршив? Колку срамно Моав се даде во бегство! Моав стана потсмев и страшило за сите соседи.”

Прочитајте целосна глава Еремија 48