Стар Завет

Нов Завет

Еремија 48:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Против Моав. Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: „Тешко и на гората Нево, зашто е запустена, засрамен е Киријатаим и освоен, тврдината засрамена, разурната,

2. ја нема веќе моавската гордост. Пропаста му ја сковаа во Есевон: ‘Ајде да го истребиме од народите!’ А ти, Мадмене, ќе бидеш разурнат, мечот веќе иде по тебе!

3. Слушај! Лелеци се слушаат од Оронаим: ‘Грабеж, страшна пропаст!’

4. „Моав е здробен! се слуша врескањето на неговите мали.

5. Да, нагоре по ридот Луит се искачуваат плачејќи. Да, низ надолниците на Оронаим, се разнесува писокот над пропаста.

6. Бегајте, спасувајте го животот, угледајте се на пустинските ослиња!”

7. Зашто се надеваше во твоите тврдини, ќе бидеш и ти освоен. Хамос заминува на заточение, со своите свештеници и кнезови.

8. Запустувачот ќе дојде во секој град, ниеден нема да му избега: Долината ќе биде ограбена, Висорамништето запустено, зборува Господ.

9. Ставете му на Моав надгробен камен, зашто е урнат до основи; неговите градови се пустини, во нив никој не живее.

10. Проклет да е кој негрижливо ги извршува Господовите работи! Проклет да е кој својот меч не ќе го омрси со крв!

Прочитајте целосна глава Еремија 48