Стар Завет

Нов Завет

Еремија 4:4-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Обрежете Му се на Господа, симнете го обрезокот од своето срце, Јудејци и Ерусалимци, зашто Мојот бес ќе избувне како оган, и ќе гори, а никој да го угасне, заради лошите дела и нечесностите што ги направивте.”

5. Објавете во Јудеја, разгласете во Ерусалим: „Трубете во рог ширум земјата, викајте со полн глас и речете: ‘Сите на собир! Да се вовлечеме во своите утврдени градови!’

6. Издигнете знак кон Сион! Бегајте! Не застанувајте! Зашто доведувам несреќа од Север, голема пропаст.”

7. Лавот се крева од својата густа шума, погибелникот на народите излезе од своето место, тргна за да ја запусти твојата земја: ќе ги разурне твоите градови, ќе им ги снема жителите.

8. Затоа наметнете се со вреќишта, ридајте, тажете, зашто пламнатата јарост на Господа не нè одмина.

9. „Во оној ден - говори Господ - ќе им изнемошти срцето на царот и на кнезовите. Свештениците ќе бидат вчудоневидени, пророците молкнати.”

10. И ќе речат: „Ах, Господи, Боже, навистина нè измами тешко кога рече: ‘Ќе уживате мир’ а сега мечот ни е под грлото.”

11. Во тоа време ќе им биде речено на овој народ и на Ерусалим: „Врел ветер од пустинските височини дува кон ќерките на Мојот народ; но не за да ги лади и за да ги очисти!

12. Ќе ми дојде ветер полн со закана, и Јас тогаш ќе им изречам пресуда!”

13. „Ете, се дига како облачишта, колата му е слична на виор, коњите се побрзи од орлите. Тешко ни! Пропаднавме!”

14. Измиј го злото од своето срце, Ерусалиме, за да се спасиш. До кога во твоите гради ќе се гнездат злосторнички мисли?

15. Зашто гласот навестува од Дан, од Ефремовата Гора најавува несреќа.

16. „Опоменете, разгласете по Јудеја, соопштете му на Ерусалим: непријателите доаѓаат од далечна земја и извикуваат извици против јудејските градови;

17. како полјаците го опкружуваат Ерусалим, зашто се одметнаа од Мене - говори Господ.

18. Твојот пат и твоите дела ти го направија тоа. Тоа е твојата несреќа! Како е горчлива, како ли удира во срцето!”

Прочитајте целосна глава Еремија 4