Стар Завет

Нов Завет

Еремија 4:19-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. Моја утробо! Моја утробо, боледувам, срцето ми се раскинува! Душата ми трепери! Не можам да молчам, зашто го слушам гласот на рогот, бојните извици.

20. Соопштуваат гибел врз гибел, сета земја е ограбена, моите шатори се запустени одненадеж, во миг на окото сите мои засолништа се уништени.

21. До кога ќе ги гледам бојните знакови, ќе ги слушам повиците на роговите?

22. „Да, Мојот народ е безумен, не Ме познава, тие се неразумни деца, не сфаќаат ништо, мудри се за зли дела, но да прават добро не умеат.”

Прочитајте целосна глава Еремија 4