Стар Завет

Нов Завет

Еремија 4:11-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Во тоа време ќе им биде речено на овој народ и на Ерусалим: „Врел ветер од пустинските височини дува кон ќерките на Мојот народ; но не за да ги лади и за да ги очисти!

12. Ќе ми дојде ветер полн со закана, и Јас тогаш ќе им изречам пресуда!”

13. „Ете, се дига како облачишта, колата му е слична на виор, коњите се побрзи од орлите. Тешко ни! Пропаднавме!”

14. Измиј го злото од своето срце, Ерусалиме, за да се спасиш. До кога во твоите гради ќе се гнездат злосторнички мисли?

15. Зашто гласот навестува од Дан, од Ефремовата Гора најавува несреќа.

16. „Опоменете, разгласете по Јудеја, соопштете му на Ерусалим: непријателите доаѓаат од далечна земја и извикуваат извици против јудејските градови;

17. како полјаците го опкружуваат Ерусалим, зашто се одметнаа од Мене - говори Господ.

18. Твојот пат и твоите дела ти го направија тоа. Тоа е твојата несреќа! Како е горчлива, како ли удира во срцето!”

19. Моја утробо! Моја утробо, боледувам, срцето ми се раскинува! Душата ми трепери! Не можам да молчам, зашто го слушам гласот на рогот, бојните извици.

20. Соопштуваат гибел врз гибел, сета земја е ограбена, моите шатори се запустени одненадеж, во миг на окото сите мои засолништа се уништени.

21. До кога ќе ги гледам бојните знакови, ќе ги слушам повиците на роговите?

22. „Да, Мојот народ е безумен, не Ме познава, тие се неразумни деца, не сфаќаат ништо, мудри се за зли дела, но да прават добро не умеат.”

23. Ја гледам земјата: пуста е, еве, и празна, небесата: светлината им исчезна.

Прочитајте целосна глава Еремија 4