Стар Завет

Нов Завет

Еремија 37:9-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Господ зборува вака: ‘Не занесувајте се со мислата: „Халдејците ќе си одат од нас,” зашто тие не ќе си отидат!

10. Па и да ја разгромите сета халдејска војска што се бори против вас, така што од неа да останат само ранетите, тие пак, секој од својот шатор, ќе станат за да го уништат со пожар овој град.’”

11. Кога халдејската војска заради фараоновата војска требаше да ја прекрати опсадата на Ерусалим,

12. и Еремија сакаше да замине од Ерусалим и да отиде во Венијаминовата Земја та таму да добие дел од роднините.

13. Ама кога стигнаа до Венијаминовата Врата, таму беше заповедник на стражата Ереј, синот на Ананиевиот син Селемиј. Тој го застана пророкот Еремија, извикувајќи: „Ти сакаш да пребегаш кај Халдејците!” Еремија одговори:

14. „Не е вистина, не сакам да пребегам кај Халдејците!” Ама и не слушајќи го Еремија, Ереј го фати и го одведе при кнезовите.

15. Достоинствениците му се налутија на Еремија, та го натепаа и го затворија во куќата на писарот Јонатан, што ја беа претвориле во темница.

16. Така Еремија се најде во јама со свод над неа. Таму Еремија остана многу време.

17. Тогаш царот Седекија испрати по него. И насамо, во дворецот, царот го праша: „Има ли слово од Господа?” А на тоа Еремија рече: „Секако!” И додаде: „Ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар!”

18. Тогаш Еремија му рече на Седекија: „Што ви скривив тебе, на твоите слуги и на овој народ, та ме фрливте во темница?

19. Каде се сега вашите пророци што ви прорекоа: ‘Вавилонскиот цар нема да удри на вас ни на оваа земја?’

Прочитајте целосна глава Еремија 37