Стар Завет

Нов Завет

Еремија 37:13-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Ама кога стигнаа до Венијаминовата Врата, таму беше заповедник на стражата Ереј, синот на Ананиевиот син Селемиј. Тој го застана пророкот Еремија, извикувајќи: „Ти сакаш да пребегаш кај Халдејците!” Еремија одговори:

14. „Не е вистина, не сакам да пребегам кај Халдејците!” Ама и не слушајќи го Еремија, Ереј го фати и го одведе при кнезовите.

15. Достоинствениците му се налутија на Еремија, та го натепаа и го затворија во куќата на писарот Јонатан, што ја беа претвориле во темница.

16. Така Еремија се најде во јама со свод над неа. Таму Еремија остана многу време.

17. Тогаш царот Седекија испрати по него. И насамо, во дворецот, царот го праша: „Има ли слово од Господа?” А на тоа Еремија рече: „Секако!” И додаде: „Ќе бидеш предаден во рацете на вавилонскиот цар!”

18. Тогаш Еремија му рече на Седекија: „Што ви скривив тебе, на твоите слуги и на овој народ, та ме фрливте во темница?

19. Каде се сега вашите пророци што ви прорекоа: ‘Вавилонскиот цар нема да удри на вас ни на оваа земја?’

20. А сега, ајде, чуј ме господару мој и цару, послушај ја мојата молба! Немој да ме вратат пак во куќата на писарот Јонатан, за да не умрам таму!”

21. Тогаш царот Седекија нареди, и го одведоа Еремија во темничкиот двор, та му даваа секој ден парче леб од Пекарската улица, се додека не потснема леб во градот. И така Еремија остана во темничкиот двор.

Прочитајте целосна глава Еремија 37