Стар Завет

Нов Завет

Еремија 37:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. После Хониј, синот Јоакимов, се зацари Седекија, синот Јосиин. Навуходоносор, вавилонскиот цар, го постави за цар во Јудејската Земја.

2. Ама ни тој ни неговите слуги ни народот на земјата не ги слушаа зборовите, што Господ ги зборуваше преку устата на пророкот Еремија.

3. Царот Седекија ги испрати Јеухал, синот Селемиин, и свештеникот Софониј, синот Масиин, кај пророкот Еремија со порака: „Дај, помоли Му се за нас на Господа, нашиот Бог!”

4. Во она време Еремија уште одеше меѓу народот, и уште не го имаа фрлено во темница.

5. А фараоновата војска навлегуваше од Египет: откако го чуја тоа, Халдејците, кои го опсадуваа Ерусалим, се оддалечија од градот.

Прочитајте целосна глава Еремија 37