Стар Завет

Нов Завет

Еремија 35:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. да живееме под шатори и послушно пазиме сè што ни заповедал нашиот татко Јонадав.

11. Само кога Навуходоносор, вавилонскиот цар, тргна против оваа земја, рековме: ‘Ајде, да појдеме во Ерусалим за да ја избегнеме халдејската војска и арамејската војска!’ И така сега живееме во Ерусалим.”

12. Тогаш му дојде Господово слово на Еремија:

13. „Вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог: ‘Оди и објави им на Јудејците и на Ерусалимците: „Зар нема да ја примите Мојата наука и нема да ги послушате Моите зборови? - говори Господ -

14. Се исполнуваат зборовите на Јонадав, синот Рихавов, кој што им забрани на своите синови да пијат вино, и до денешниот ден никој не го пие, зашто тие ги слушаат зборовите на својот татко. А Јас ви зборував исто, ама не Ме слушавте.

15. И ги праќав постојано кај вас Своите слуги, пророците, за да ви проповедаат: ‘Вратете се секој од својот лош пат, поправете ги вашите дела и не трчајте по туѓите богови за да им служите, па ќе останете во земјата што ви ја дадов вам и на вашите татковци.’ Ама не го приклонивте своето уво и не Ме послушавте.

16. Синовите на Јонадав, синот Рихавов, ги пазеа заповедите што им ги даде нивниот татко. Но Мене овој народ не Ме слуша.”‘

17. Затоа зборува Господ, Господ над Војските, Израелевиот Бог: ‘Еве, ќе ги навлечам врз Јуда и врз сите Ерусалимци сите оние неволји со кои им се заканив, зашто им зборував, а тие не Ме слушаа, ги повикував, но тие не се одѕвиваа.’”

18. Еремија и рече на заедницата на Рихавовците: „Вака зборува Господ над Воинствата, Израелевиот Бог: ‘Зашто ги слушавте заповедите на својот татко Јонадав и ги пазевте сите наредби и правевте сè што тој ви заповедал,

19. затоа - вака зборува Господ над Војските, Израелевиот Бог - на Јонадав, синот Рихавов, никогаш не ќе му снема потомци, кои што ќе стојат пред Моето лице во сите денови.”‘“

Прочитајте целосна глава Еремија 35