Стар Завет

Нов Завет

Еремија 35:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му упати слово на Еремија во деновите на Јоаким, синот Јосиин, јудејскиот цар:

2. „Оди во заедницата на Рихавовците, зборувај со нив и доведи ги во Господовиот Дом, во една од двораните, и дај им вино.”

3. Тогаш ги доведов Јазаниј, синот Ховасиин синот Еремиин, неговите браќа и сите негови синови и сиот дом на Рихавовците,

4. и ги доведов во Господовиот Дом, во двораната на Божјиот човек Бен Анан, синот Идалиин, што е до кнежевската дворана, а над двораната на вратарот Масиј, синот Салумов.

5. Потоа ставив пред синовите на домот на Рихавовците врчви полни со вино и чаши, та им реков: „Пијте вино!”

6. Ама тие одговорија: „Не пиеме вино,” зашто нашиот татко Јонадав, синот Рихавов, ни заповеда: ‘Не смеете никогаш да пиете вино, ни вие ни вашите синови.

7. Ниту смеете да градите куќи, ниту да сеете семе, ниту да садите лозја, ниту да ги имате во сопственост, туку поминувајте го сиот ваш живот под шатори, за да живеете долго во земјата каде престојувате како странци.’

8. И ние го послушавме гласот на нашиот татко Јонадав, синот Рихавов, во сè што ни заповеда: да не пиеме никогаш вино, ни ние ни нашите жени, ниту нашите синови, ниту нашите ќерки,

Прочитајте целосна глава Еремија 35