Стар Завет

Нов Завет

Еремија 32:24-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Ете, насипите му се приближија веќе на градот, и ќе биде освоен, и градот ќе падне во рацете на Халдејците кои се нафрлаат врз него со меч, глад и помор. Со што се закануваше, еве доаѓа. И Самиот гледаш.

25. А Ти, Господи Господи мој, ми рече: „Купи нива за сребреници и повикај сведоци,” а градот е веќе предаден во рацете на Халдејците!’”

26. Тогаш ми дојде Господово слово:

27. „Ете, Јас Сум Господ, Бог на секое тело! Мене ништо не Ми е невозможно!”

Прочитајте целосна глава Еремија 32