Стар Завет

Нов Завет

Еремија 3:19-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

19. А јас реков: ‘Како да те вбројам меѓу синовите и да ти ја дадам земјата на сласта, наследството, најубавиот бисер меѓу народите!’ Помислив: ‘Ти ќе ме викаш: „Татко мој!” и веќе не ќе отстапиш од Мене.’

20. Но како што жената го изневерува својот маж, така и вие Ме изневеривте Мене, Израелев дому - говори Господ.

21. Чуј! По високите голини се слуша плач, викање за помош на Израелевите деца, зашто свртија од својот пат. Го заборавија Господа, својот Бог.

22. Вратете се, синови, што се одвративте, ќе ги исцелам вашите одметништва!” - Еве, доаѓаме кај тебе, зашто Ти си Господ, нашиот Бог!

23. Навистина, измамливи се висовите, врева по ридовите. Навистина, во Господа, нашиот Бог, е Израелевото спасение!

24. Ваал го проголта трудот на нашите татковци уште од нашата младост: нивните овци и говеда, нивните ќерки и синови.

25. Да легнеме во својот срам, нека нè покрие нашето засрамување! Зашто на Господа, својот Бог, Му згрешивме, ние и нашите татковци, од својата младост до денешниот ден, и не го слушаме гласот на Господа, нашиот Бог.”

Прочитајте целосна глава Еремија 3