Стар Завет

Нов Завет

Еремија 3:11-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И ми рече Господ: „Одметничката Израел поправедна е од неверницата Јудеја.

12. Оди и викај ги кон Север овие зборови. Речи: ‘Врати се, одметничке, Израелу, говори Господ. Не се гневи веќе Моето лице на вас, зашто Сум милостив - говори Господ, не ќе се гневам довека.

13. Само признај ја својата кривица дека се одметна од Господа, твојот Бог, и дека заскита кон туѓинците, под секое зелено дрво, и не го слушаше Мојот глас - говори Господ.

14. Вратете се, синови одметници - говори Господ - зашто Јас Сум вашиот Господар. Ќе ве земам, по еден од секој град, по двајца од секој род, да ве одведам на Сион.

15. И ќе ви дадам пастири според Своето срце, кои ќе ве пасат разумно и мудро.

16. А кога во тие дни ќе се намножите и народите во земјата - Господово слово е - веќе нема да се зборува: ‘Ковчег на Господовиот Завет’ и никој не ќе мисли на него, никој не ќе си спомнува за него, ниту ќе копнее по него, ниту ќе го гради повторно.

17. Во тоа време Ерусалим ќе се вика: ‘Господов Престол;’ и сите народи ќе се соберат во него во Господово Име, и ниеден веќе не ќе се поведува по своето расипано срце.

18. Во оние денови Јудиниот дом ќе се сложува со Израелевиот дом; и заедно ќе тргнат од Северната Земја, во земјата што им ја дадов во наследство на вашите татковци.

Прочитајте целосна глава Еремија 3